Screenshot 2014-06-05 21.45.06

Project Tango беше претставен пред неколку месеци од страна на Advanced Technology and Projects – ATAP делот во Google. Се состои од мобилен телефон во кој што е вграден посебен хардвер, односно камери и сензори, кои што работат со помош на посебен софтвер. Овој телефон ја нуди можноста за мапирање на околината во 3D со движење на уредот во соодветни правци. Технологијата е во фаза на развој, па од Google очекуваат идеи за нејзина примена од страна на развивачите и програмерите кои што ќе го купат уредот. Пример за тоа што може да понуди оваа технологија е правење на мерки во домот пред купување на мебел или мапирање на затворени простори како трговски центри и слично.

Google оваа недела претстави уште еден уред во рамките на Project Tango, овој пат 7 инчен таблет компјутер. Таблетот е направен во соработка со Nvidia, па разбирливо работи на Tegra K1 процесорот, а вклучува и 4GB на RAM меморија, 128 GB меморија за складирање на податоци, како и поддршка за LTE конекција. Покрај овие одлични карактеристики, таблетот ќе вклучува и екран со Full HD резолуција, ќе работи на Android 4.4 KitKat, како и USB 3.0, micro-HDMI, Bluetooth LE. Меѓутоа главните компоненти кои што ги вклучува таблетот се двете камери и сензорот за длабочина со чија помош се прави 3D мерењето на околината.

Screenshot 2014-06-05 21.44.36

Таблет компјутерот ќе се продава по цена од 1.024 долари и за разлика од мобилниот телефон од проектот, тој ќе биде достапен во повеќе илјади примероци. Наменет е за развивачите, односно не е замислен да биде купен од обичниот корисник на мобилни и таблет компјутери.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаЗаштедете простор со Lian-Li работните маси и куќиште за компјутер во едно
Следна статијаChrome веб продавницата прикажува апликации кои што се достапни и на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.