Google изгледа се компанија на која не им се допаѓа баш трендот на објава на неофицијални слики и информации за непретставените производи, па тие веќе го прикажаа, барем изгледот, на новите Pixel 6 и Pixel 6 Pro. Се што останува е да ги видиме целосно уредите со нивните карактеристики, а Google најави дека ова ќе бидат првите уреди кои ќе работат на од нив развиениот Tensor чип.

Претставувањето на телефоните се очекува да биде на почетокот од идниот месец, кога ќе ги дознаеме и останатите карактеристики, покрај одличниот дизајн кој е различен од тој кај конкуренцијата.

Сепак, сето ова не го спречи појавувањето на неофицијално видео, кое иако кратко, делува дека е од поголемиот Pixel 6 Pro. Веднаш ќе се забележи чудното лого на задната страна, што остава сомневање за уредот, но затоа што веќе знаеме како тој ќе изгледа, видеото сепак делува како од вистински уред.

Поради тоа што се работи за доста кратко видео, не може да се дознае нешто повеќе за телефонот, па останува само како еден подобар поглед поради тоа што досега Google во главно прикажа рендери, а не вистински слики и видео од уредот.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Chrome 94 достапен од оваа недела е првата верзија од новиот четири неделен систем на надградби
Следна статијаСпој на уметност и технологија: Уживајте во портретот на „Мона Лиза“ на паметниот телевизор Samsung The Frame
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.