cancer-threat-mobile-phone-use-real_16
Заедничка причест во име на модерниот бог!

Ок, признаваме дека ова истражување потврдува нешто што сите анегдотално можеме да го забележиме, слично како потврдите на разни научници дека водата е влажна, а лавата жешка. Сепак, мора да се направи за да се следат состојбите. Во име на науката.

Се работи за истражување направено од Pew Research Center според кое 68% од возрасните жители на САД имаат мобилен телефон, а 45% имаат таблет. Во некои групи поседувањето на мобилни телефони се доближува до нивоа на заситување. На пример, во возрасната група 18 – 29 г. 86% од луѓето поседуваат телефон, а во домаќинства со 75 илјади долари годишен приход имаат дури 87% поседување на телефони.

Секако, поседувањето на мобилните телефони и други преносни уреди има ефекти врз поседувањето на други „традиционални“ уреди како персоналните компјутери (ПК). Поседувањето на ПК останало практично исто од 2004 – 2015 г., а дури и се намалило од 80-те проценти во 2012 г.

Поседувањето на МП3 уреди се намалило од 75% на 51% во групата 18 – 29 г., а поседувањето на електронски читачи дури од 2014 г. се намалило од 32% на 19%!

Ефектите се очигледни: се’ повеќе луѓе се ѕверат во телефонот место во компјутерскиот монитор и тоа беше за очекување. Мобилните телефони стануваат се’ помоќни и можат да вршат се’ повеќе работи и да ви помагаат во извршувањето на обврските или водењето здрав живот.

За жал имаат негативни ефекти токму врз обврските и здравиот живот бидејќи предизвикуваат зависност кај луѓето кои ги користат и кои стануваат опседнати со тоа дали виделе се’ што имало да се види на Facebook, како да се направи следната Instagram слика за да собере повеќе лајкови од претходната и уште колку часа плус да се држи вратот свиткан према доле.

Извор: USA Today, Pew Internet

Претходна статијаНиска класа на смартфони – Android vs. Windows Phone
Следна статијаAltwork Station е столче секогаш по ваш мерак (освен за цената)