Кинескиот производител Oppo се издвојува од своите сонародници пред се по привлечните дизајни на телефоните, а доказ за тоа е новиот Neo 7, кој има тенко куќиште (7,6 mm) со рамка од легура од магнезиум и огледален заден дел, оддавајќи впечаток на многу поскап уред.
Спецификациите се инаку само просечни. Дисплејот има големина од 5 инчи и резолуција од само 960х540 пиксели, што во 2015 година, макар и за телефон од средната класа, е навистина малку. Процесорот е Snapdragon 410 со четири јадра на 1,2 Ghz, помогнат од само 1 GB рам меморија, што значи дека не треба да се очекуваат ниту претерано добри перформанси.
Од друга страна, позитивно е што телефонот има 16 GB простор за складирање податоци и слот за micro SD картичка. Солидни се и камерите – 8 мегаписксели со леќа со бленда f2.0 назад и 5 мегапиксели со леќа со бленда f2.4 напред. Батеријата има капацитет од 2420 mAh, што треба да е и повеќе од доволно со оглед на чипот и дисплејот со помала резолуција.
Oppo Neo 7 ќе има вграден Android Lollipop 5.1 со Color OS 2.1 скин над него, а ќе чини под 200 долари кога ќе биде лансиран. Ќе биде достапен во 3G и 4G варијанти, како и комбинација на црно куќиште со сребрена рамка, односно бело куќиште со златна рамка.