8-ми март е датата на која ќе биде претставена наредната генерација од OnePlus телефоните. Најавата доаѓа од основачот на компанијата Пит Лау во форма на слика, која ја има и на посебна страна. Сликата е од Земјата направена од Месечината, па според некои ова треба да асоцира на нешто поврзано со камерите кај телефоните.

Според неофицијалните информации, треба да очекуваме три нови модели, како што е веќе стандардно кај повеќето производители за највисоката класа на уреди. Трите модели би биле OnePlus 9, OnePlus 9 Pro и „лајт“ верзија која ќе го има името OnePlus 9R или 9 lite.

OnePlus е еден од најпознатите кинески производители на смартфони и други паметни уреди кој има своја верна група на фанови. Нивните телефони се карактеризираат со одлични карактеристики со најновите достапни компоненти, уникатни делови, а прилично достапни цени.

Како што може да се види, најавата не кажува скоро ништо, па можеме само да претпоставуваме на што точно се мисли. Единствено што е сигурно е дека за една недела ќе го видиме најновото од оваа одлична компанија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЕУ ја зацрта шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G
Следна статијаSuper Follow е нова функција на Twitter преку која ќе може да се наплаќа за објавите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.