Twitter најави дека е во фаза на воведување на нова функција која треба да им овозможи можност за наплата на креаторите и издавачите на оваа мрежа. Со тоа овие сметки кои функционираат со објава на оригинална содржина ќе можат да дојдат до повеќе финансии, односно да ја искористат нивната популарност на Twitter.

Super Follow е наречена новата функција и истата ќе им овозможи на корисниците да плаќаат месечна претплата за сметките кои го нудат истото, а за возврат тие ќе добијат посебна ознака, пристап до ексклузивна содржина, попусти доколку се работи за продажба на производи и слично.

Со оглед на тоа дека оваа нова функција уште не е пуштена и не е точно најавено за кога се планира, можни се одредени промени кај нејзините карактеристики, но генерално замислата е јасна.

Според информациите, не сите Twitter корисници се задоволни од оваа најава, па голема популарност на мрежата има добиено терминот „RIP Twitter“. Ова секако е поради очекувањето дека корисниците ќе мора да платат за одредени објави кои сега се бесплатни, но сепак реакцијата можеби е поголема од што треба. Секоја ексклузивна информација во денешно време останува ексклузивна само неколку часа, па истата ќе може да се прочита на повеќе други места.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2PocketNow
Претходна статијаOnePlus ќе го претстави својот нареден телефон на 8-ми март
Следна статија„Виџетите“ во Windows 10 се враќаат преку Microsoft Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.