Фото: Shutterstock.com

Објава на X тврди дека е од комората за испарување, односно „vapor chamber“, од iPhone 17 Pro Max. Ова не е првпат да прочитаме за тоа дека Apple конечно ќе вгради ваква комора кај iPhone со што веќе не би требало да се појавуваат проблемите со загревање по кои можеби најпознат беше iPhone 15 Pro. 

Комората за испарување е систем за распределување на топлината која доаѓа од процесорот, на пример, со што неговото ладење е доста побрзо и поефикасно. Со подоброто справување со топлината се подобруваат перформансите на уредот, чии перформанси не мора да бидат ограничени и намалени во ситуациите кога се прави нешто што бара поголема моќ. 

Иако iPhone е на врвот на пазарот кога се во прашање перформансите, сепак, моќта на чипот не може целосно да биде искористена поради загревањето. 

Како главни причини поради кои се верува дека се точни гласините за користењето на комора за испарување кај новата iPhone 17 Pro серија се вештачката интелигенција, како и достапноста на посериозни игри кои бараат искористување на моќта на процесорите. 

На iPhone веќе може да се играат одредени десктоп игри, а тоа е овозможено баш поради моќта на A чиповите. Кога на тоа ќе се додаде и популарноста на вештачката интелигенција која доста често функционира локално од уредот, јасно е дека оптовареноста на чипот е поголема од порано. 

ИЗВОРWccftech
Претходна статијаRealme прикажа концепт телефон со батерија со капацитет од 15.000 mAh
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.