Nothing, компанијата основана од еден од двајцата основачи на кинеската OnePlus, го најави претставувањето на нивниот петти телефон, Phone (3a).
Овој телефон, со ознаката „а“ ќе биде претставен во сличен период како неговиот претходник, односно на 4 март во 11 часот по македонски време. Како и секогаш, претставувањето ќе биде достапно како видео на YouTube.
Главниот акцент за време на најавата е дизајнот на телефонот, па засега нема информации за неговите карактеристики. Ако претпоставиме, со оглед на тоа дека се работи за телефон со ознака „а“, може да се очекуваат карактеристики од средната или средно високата класа.
Основачот на компанијата Карл Пеи, кој е фан на Apple, може да се каже дека ја води компанијата доста слично. Акцентот е ставен на дизајнот на производите, нивното функционирање, а на нив секогаш се посветува посебно внимание.
Процесот на дизајнирање на Nothing Phone (3a) можете да го погледнете во продолжение.