По повеќе месеци на неофицијални информации, еве сега на MWC 2019 го гледаме првиот смартфон со 5 камери на задната страна, односно вкупно 6 камери на целиот уред.

Можеби на повеќето ова како можност им изгледаше чудно, но ете сепак HMD Global го претстави Nokia 9 PureView, нивниот најнов и досега прв од највисоката класа смартфон.

Nokia 9 PureView доаѓа со 5,99 инчен OLED екран со 2К резолуција. Тоа што изненадува е користењето на ланскиот Snapdragon 845 наместо најновиот 855, па корисниците на овој уред сепак не го добиваат најновото и најдоброто кога е во прашање процесорот.

Уредот сепак работи со 6GB RAM меморија, а има и 128GB внатрешна меморија за податоци. Работи на најновата верзија од Android, 9 Pie, а исто така е Android One уред, што значи дека корисниците може да очекуваат прилично „чисто“ Android искуство со редовни надградби на најновата верзија.

Батеријата на Nokia 9 е со капацитет од 3.320 mAh, а ќе можеше да издржи нешто повеќе доколку уредот работеше на најновиот процесор.

Она што сепак е главната карактеристика на овој телефон е наговата камера, односно петте камери кои ги има на задната страна. Овие камери се со сензор од по 12 мегапиксели, додека предната камера има сензор од 20 мегапиксели.

За разлика од другите уреди кои користат повеќе камери на задната страна, Nokia 9 PureView ќе ги користи на нешто поразличен начин. Овој телефон ќе слика со сите камери секогаш, по што финалната слика ќе биде комбинација од сите добиени слики. Оваа слика ќе има 12 мегапиксели, односно не повеќе.

Тоа што треба да се добие со овој начин на користење на камерите е одлична слика со големи детали и бои. Останува да го видиме ова тврдење во пракса кога уредот ќе дојде во продажба.

Nokia 9 PureView треба да се продава по цена од околу 700 долари, што е повеќе од тоа на кое се имаат научено досега корисниците, но сепак се работи за уред од друга класа.

ИЗВОРARS Technica
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMotorola оствари профит во третиот квартал од фискалната 2018/2019 година
Следна статијаСива зона на Пикбокс: Три работи што треба да ги знаете за напрегнатата скандинавска серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments