Позитивни резултати се забележуваат на сите пазари ширум светот. Особено импресивни се во Северна Америка, каде растот на продажбата го надминува пазарот за цели 40 проценти. Компанијата на својот домашен пазар забележа раст од 60% на снабдувањето на годишнo ниво и 8% пазарно учество.

Во Кина, приходите од продажба на мобилни уреди се зголемија за четири пати. Зголемувањето на профитната маргина пред оданочување е исто така солидно. Ова се должи на широкото портфолио на мобилни уреди, вклучително со брендот Lenovo.

Компанијата навести добри резултати уште за време на претставувањето на телефоните од moto g7 семејството во Бразил на почетокот на февруари.

Тогаш, претседателот на Motorola, Sergio Buniac изјави дека успехот се должи на стриктното спроведување на стратегија за намалување на трошоците, подобрување на портфолиото на производи и фокусирање на клучните пазари.   

Благодарение на тоа, Motorola пет години по ред ја потврдува својата позиција на снабдувач #2 во Латинска Америка со консолидиран пазарен удел од 17% и покрај нестабилната валута и ограничувањата на снабдувањето, како целина. Позитивни резултати има и во Европа: Motorola забележува 10% пазарен удел во средната ценовна класа на клучните пазари како Германија, Велика Британија, Полска, Холандија, Белгија и Шведска. Buniac сподели дека секој ден, во секоја минута се продаваат по 26 moto g ширум светот.

Претходна статија„Поглед одблиску“ на Samsung Galaxy Fold (Видео)
Следна статијаHMD Global го претстави Nokia 9 PureView смартфонот со 5 камери на задната страна