RAZR од Motorola „на времето“ беше еден од најпознатите мобилни телефони, пред излегувањето на смартфоните кои ги користиме денес. Тој со неговиот механизам на преклопување, покрај тоа што овозможуваше нешто поголем екран во компактен уред, изгледаше навистина интересно и привлекуваше внимание кај корисниците.

Веќе неколку пати можеме да прочитаме дека од Lenovo, сегашните сопственици на Motorola брендот, планираат враќање на RAZR на пазарот, во модерна форма која ќе вклучува екран на превиткување.

Најнов патент поднесен минатиот месец до Светската Организација за Интелектуална Сопственост, се поклопува со тврдењата од The Wall Street Journal за претставување на телефон со екран на преклопување којшто ќе се продава за околу 1.500 долари.

Оваа цена е во рамките на цената која се очекува за ваквите уреди од повеќето производители, па кога на тоа ќе се додадат сликите од патентот, можеме да добиеме некоја претстава за што е тоа што може да го очекуваме од Motorola.

Инаку, иако никаде во патентот не се споменува името RAZR и не е познато дали од Motorola би се решиле за негово користење, од сликите се гледа дека дизајнот на уредот би бил во стилот на стариот RAZR.

Модерната верзија од RAZR или како и да биде наречена, ќе го замени внатрешниот екран на едната половина и тастатурата на другата половина, со целосен екран кој ќе се превиткува. Кога ќе биде затворен уредот, од сликите се гледа дека на задната страна ќе биде достапен уште еден помал екран, којшто најверојатно би се користел за прикажување на часот и други кратки информации, како известувањата.

Ова е различно од правецот во којшто одат останатите производители. Тие во главно новите екрани кои може да се превиткаат ги користат за уред којшто ќе може да се користи како таблет кога е отворен, а сепак да може да се користи и како еден компактен мобилен кога се затворени.

RAZR ќе биде само мобилен телефон којшто ќе има доволно голем екран, како што имаат денешните мобилни, но ќе биде многу полесен за пренесување кога е затворен.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНајвозбдуливата теза за Ферми парадоксот?
Следна статијаTesla возилата ќе добијат „стражарски“ режим кој ќе снима околу возилото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.