Според аналитичар од Bank of America, Apple оваа година планира мало одложување на претставувањето на iPhone 15 серијата, кое обично се случува во септември, со исклучок на 2020 кога почна корона кризата.

Причина за ова одложување на се дава, а и поради фактот што никој од останатите аналитичари и објавувачи на неофицијални информации не информиран за нешто вакво, се смета дека информацијата може и да не е точна.

Исто така, не е познато дали Apple би го одложиле целиот настан за претставување на iPhone 15 серијата или само почетокот на продажбата. Минатата година, iPhone 14 серијата беше претставена на 7 септември, а iPhone 14 Plus моделот стана достапен во продажба дури од идниот месец.

Како и да е, годинешната серија се очекува да биде доволно различна, па да ја оправда надградбата од страна на повеќето корисници. iPhone 15 серијата треба да дојде со USB-C приклучок, да има мала промена во дизајнот, а тука е и 3nm чип кој ќе се користи кај Pro моделите и повеќе.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Apple Insider
Претходна статијаGoogle ја пушти првата официјална верзија од Nearby Share за Windows
Следна статијаMicrosoft и Activision Blizzard договорија продолжување на рокот за реализација на договорот за продажба на компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.