madrone

Иако нашите истренирани очи можат да разликуваат некои од моделите, факт е дека денешните паметни телефони премногу наликуваат еден на друг, односно сите имаат голем дисплеј на допир во предниот дел. Monohm Runcible е телефон кој сигурно ќе се одвои од толпата, бидејќи е целосно кружен.

Runcible, според неговите создатели, нема да се обиде да ги замени актуелните паметни телефони, туку ќе биде наменет за оние кои сакаат „потивок“ телефон, односно оние кои сакаат малку одмор од интернетот и зјапањето во својот паметен телефон.

ocean_plastic

Затоа, Runcible има релативно мал дисплеј со големина од 2,5 инчи во дијагонала и резолуција од 640х640 пиксели, односно 256 пиксели по инч, што значи дека и нема да биде особено остар. Процесорот е Snapdragon 410, помогнат од 1 GB рам меморија и 8 GB простор. Runcible има и камера од 7 мегапиксели во задниот дел, но нема предна камера за селфи фановите. Телефонот е и делумно модуларен, односно корисниците сами ќе можат да ги сменат неговите делови доколку има потреба од тоа.

Да, сигурен сум дека овие спецификации не предизвикаа воздишки кај вас, но идејата на овој телефон и не е да биде најбрзиот на планетата. Идејата е како што кажавме да биде тивок и затоа тој нема ниту вибрации ниту звук со кој ќе ви каже дека имате нова нотификација – нив ќе можете да ги проверите откако ќе го отклучите телефонот.

perspective

Софтверот вграден во телефонот е таканаречен BuniOS, но тоа е само верзија на Android со Open Source Web Application Runtime во основата, но и поддршка за стандардни Android апликации. Да, и покрај тоа што се работи за телефон кој е своевиден „антисмартфон“, тука ќе можете да ги инсталирате омилените апликации.

Цената на Monohm Runcible изнесува 399 долари за модел изработен од пластика рециклирана од отпад во океаните, односно 499 долари за модел изработен од Мадрон дрво, сечено од само-одржлива шума. Ако сте еколошки свесни, ова е причина повеќе да го купите овој интересен телефон.

Извор: Engadget, The Verge, Monohm

Претходна статијаГалиум Нитрид ќе го замени силиконот во чиповите и ќе донесе драматично зголемување на брзините
Следна статијаiScout е проѕирен дисплеј за ветробранското стакло кој прикажува навигација и „мртви точки“ од ретровизорите