На настан одржан во New York , Microsoft ги престави наредните генерации од своите таблет компјутери, Surface 2 и Surface Pro 2. Првата генерација не успеа да го постигне посакуваниот успех на популарност и продажба, па да видиме дали нешто ќе се промени на тој план овој пат. Што ново донесува новата генерација на двата уреди ?

Surface Pro 2

surface 2 pro

Четвртата генерација на процесори од Intel, Haswell од типот i5.  Овој процесор е познат по својата енергетска ефикасност, па се најавува и очекува Surface Pro 2 да има дупло повеќе времетраење на батеријата која што треба да издржи низ целиот работен ден. Surface Pro 2 доаѓа со 8GB RAM со верзиите со 512GB и 256GB вградена меморија, додека верзиите со 128GB и 64GB доаѓаат со стандардните 4GB RAM. Екранот останува со истата резолуција од 1080p, но со подобрена репродукција на боите. Во новиот Surface Pro 2 е вграден и Dolby звук, со што овој уред ќе може веќе да се користи како медиа уред. Исто така во оваа верзија е вградена и USB 3.0 поддршка.  Димензиите на уредот се исти како на претходникот. Промена има во вградениот потпирач на уредот наречен “Kick Stand”, кој наместо едната позиција, сега може да се намести на 2 позиции, односно уредот може да го потпрете под 2 агли, 24 и 40 степени. Доаѓа во иста боја, темно титаниумска, со таа разлика што на задната страна сега е испишано логото Surface, наместо досегашното Microsoft. Да потсетиме Pro верзијата на Surface доаѓа со целосната Pro верзија на Windows 8, односно 8.1 во новата генерација.

 

Surface 2

surface 2-1

Новата генерација на Surface таблетот е потенок и доаѓа во нова светло сива/магнезиум боја, за разлика од темната на претходникот. Сега екранот и на Surface 2 доаѓа во целосно HD 1080p резолуција. Surface ја користи скратената верзија на Windows 8, Windows RT, што одредени кругови се надеваат дека ова ќе биде променето. Surface 2 доаѓа со 1,7 GHz Nvidia Tegra 4 процесор и подобрени задна и предна камера, кои сега имаат 3,5 и 5 мегапиксели. Потпирачот “Kick Stand” и кај Surface 2 доаѓа со новата позиција, односно можност за местење во 2 позиции од 24 и новите 40 степени. Surface 2 се очекува да има траење на батеријата од 10 часа, како и USB 3.0 поддршка.

 

Галантерија

surface 2 type cover

За разлика на не толку големата популарност на двата уреди изминатата година, додатоците Touch Cover и Type Cover имаа доста голема популарност. Истите се купуваат додатно од уредите и доколку не сте запознаени тие се две тастатури, едната на допир, другата целосна. Двете тастатури исто така се унапредени, а претставена е и нова верзија од целосната тастатура со вградена батерија, како и USB адаптер кој ќе овозможи безжично поврзување на истите.

Touch Cover е потекна за 1/3 од претходната и е покрута на копчињата што треба да придонесе за подобар осет при пишување. Стариот систем на еден сензор под секое копче е заменет со цела низа на сензори што ќе овозможи поголема прецизност на стискањата.

Целосната тастатура Type Cover е исто така потенка од претходната. Доаѓа со додатна верзија со вградена батерија, која што ја прави нешто подебела, меѓутоа истото треба да биде компензирано со додатното време на користење на таблетот.

Двете верзии на тастатури сега имаат осветлување на копчињата (Backlit).

За жал двете верзии на таблетите не можат да се купат во Македонија.

Во продолжените погледнете ги двете официјални видеа од Microsoft за претставувањето на уредите.

 

Претходна статијаGenius лансираше иновативен маус/полнач
Следна статијаCreative претстави 3 нови модели на безжични звучници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.