MTTOCf

Во најава која главно помина во сенка на претставувањето на Snapdragon 805 од страна на Qualcomm, MediaTek го претстави првиот „вистински“ осум-јадрен процесор за мобилни платформи – MT6592.

За разлика од досегашните осум-јадрени решенија кои може да се најдат на пазарот, каде само четири од јадрата можат да бидат истовремено активни, MT6592 може да ги активира сите осум јадра одеднаш.

MTTOC1

Процесорот е базиран на 28 нано-метарската big.LITTLE архитектура на ARM и вклучува 8 ниско-енергетски Cortex-A7  јадра способни да работат на фреквенција до 2 гигахерци. Во MT6592 е вграден и Mali-450 MP процесорот кој ќе биде задолжен за графичка обработка и ќе работи на фреквенција од 700 мегахерци. Исто така, вграден ќе биде и процесор за обработка на фотографии кој ќе поддржува 16 мега-пикселни камери.

Првите уреди кои ќе го користат овој процесор ќе доаѓаат со Android „Jelly Bean“ оперативен систем и можеме да ги очекуваме веќе од наредниот месец, додека првите „Kit-Kat“ уреди ќе бидат достапни некаде на почетокот од новата година.

 

Претходна статијаПрирачник за командите во Xbox One
Следна статијаКако да инсталирате Android 4.4 KitKat на Nexus 4, 7 и 10