Да не се откажеше, веста ќе беше дека LG за време на MWC 2020 саемот кој би завршил денес, го претстави нивниот најнов уред од V серијата, V60 ThinQ 5G. Ова е наследникот на ланскиот V50 ThniQ и донесува унапредени карактеристики во скоро секој дел од телефонот.

Главната карактеристика по која почна да се издвојува V серијата на LG, дополнителниот екран со кој уредот добива двоен екран, останува и оваа година. LG сигурно сметаат дека ова е карактеристика која на корисниците ќе има донесе подобро корисничко искуство, а најавата на Surface Duo од Microsoft сигурно ќе го раздвижи пазарот во тој правец.

Дополнителниот екран кој кај LG мора да се купи и наместо посебно, е поголем оваа година, односно го има истиот поголем екран на телефонот од 6,8 инчи и P-OLED технологија. Дополнителниот екран има и додатен помал црно бел екран на задната страна кој е тука да прикаже информации додека уредот е преклопен.

Камерите кај LG V60 ThniQ 5G се исто така унапредени, а ги има 3, односно 2 на задната и уште една на предната поставена на мал исечок. Задните камери доаѓаат со сензори од 64 и 13 мегапиксели, додека на предната страна камерата има сензор од 10 мегапиксели. На задната страна е поставен и ToF сензор, односно сензор кој подобро ја проценува длабочината на сликата со што се овозможуваат дополнителни ефекти.

Батеријата од 5.000 mAh, треба да овозможи целодневна работа со телефонот, а посебно кога ќе се земе во предвид дека тој има Full HD резолуција, што значи нешто помалку пиксели да трошат енергија во споредба со другите уреди од највисоката класа.

Процесорот на којшто работи LG V60 ThinQ 5G е Snapdragon 865, односно најновиот за оваа година и работи во комбинација со 8GB RAM меморија, како и 128/256 GB простор за податоците, кој може да биде проширен со SD картичка.

LG посебно ги истакнува и аудио можностите на телефонот кој доаѓа со 4 микрофони кои ќе овозможат одличен звук при снимањето. Исто така, телефонот овозможува намалување на заднинската врева, со што треба да дојде до израз звукот којшто е цел на снимањето.

ИЗВОРLG
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаМакпетрол продолжува да инвестира во сопствените капацитети – комплетно реновирана бензинската станица во Битола
Следна статијаНеколку работи што ја одбележаа 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.