Знам, веќе убаво сме навлезени во 2020 година. Но, има повеќе работи што се случија минатата година што вреди да се запомнат. За некои од нив не ни бев свесен, па ете ова е добра шанса да се потсетиме на неколку.

Маратон истрчан под два часа

Ова се случи во Виена во октомври, кога Елиот Кипчоги истрча цел маратон (42 км) за 1 час и 59 минути. Тоа е неверојатно достигнување. Се сеќавам кога го трчав полумаратонот (21 км) минатата година, ми требаше цел ден за да се вратам во нормална човечка состојба, а го истрчав за околу 2 часа и 15 минути. Кипчоги истрча дупло, за скоро 20 минути помалку време. За уште подобра споредба, она што го истрча тој е рамно на тоа да истрчаш 100 метри спринт за 17 секунди, и да го повториш тоа 422 пати. Е сега, условите за да се случи овој подвиг беа совршено организирани за да му олеснат на Кипчоги. Внимателно се одбрани денот, дури и часот на трчање, внимавајќи на јачината на ветрот и присуството на сонце. Кипчоги трчаше со патики специјално дизајнирани за маратонот, а трчаше во формација со уште неколку маратонци од светска класа за да го блокираат ветрот. Сето тоа му помогна на Кипчоги, но и без тоа фактот што трчаше со такво темпо толку долго време е епско достигнување.

За прв пат видовме како изгледа црна дупка

2020 донесе голема победа за науката. Научниците кои работат на Event Horizon телескопот ни покажаа како изгледа една црна дупка. Црните дупки треба да се невидливи и да ја голтаат светлината без да емитуваат радијација. И покрај тоа, научниците ја испратија најлегендарната фотка за минатата година, која потоа стана меме (реално, стварно потсеќа на окото на Саурон од Господар на прстените).

Тесла гради батерија што ќе држи милион и пол километри

Во 2019, Џеф Дан, главен на одделот за истражување во оваа област во Тесла, објави труд во кој го презентираше својот изум за батерија која ќе трае милион и пол километри. Ова значи дека батеријата на возилото ќе може да работи без да го изгуби својот капацитет или да се расипе многу повеќе од сегашните батерии.

ВИ стана профи во Старкрафт

Дури и кога и биле ставени рестрикции за да не може да влезе во „god-mode“. DeepMind на Google играше против елитни играчи, светска класа. Повеќето од нив ги растури, без да има некакви предности, туку во фер игра. Значи, ВИ можела да учи нови вештини во нова околина. Тоа е бомбастична вест за светот на вештачката интелигенција.

Претходна статијаLG го претстави V60 ThinQ 5G повторно со додаток двоен екран и подобрување на сите карактеристики
Следна статијаКриптовалути од централни банки: Добра или лоша идеја? (дел 1/3)