Два истражувачки тимови од MIT создадоа прототип паметен систем, THAW, кој овозможува сосема нов вид на комуникација и интеракција помеѓу компјутерски систем и паметен телефон. Двете виртуелни средини, односно компјутерскиот десктоп и апликацијата на паметниот телефон се поврзани со помош на задната камера.
Првата функција која е објаснета од страна на MIT e дека овој систем може да се користи за да се пренесе некој објект (папка, карактер во игра и сл.) било каде на декстопот или пак да се зачува во самата апликација на телефонот.
Сето ова е возможно со допирање на паметниот телефон до екранот на компјутерот или лаптопот. Футуристичкиот систем THAW го претвора уредот во една мултифункционална виртуелна алатка која може да праќа и да прима фајлови директно од екранот.
Камерата ја пресликува средината во апликацијата и со помош на софтверот истата може да се манипулира на екранот на телефонот.
Ако овој проект се појави во комерцијална употреба би значело нов начин на организирање на вашите виртуелни средини. Она што од видео-презентациајта на MIT може да се види на дело од овој систем е најмногу во гејмингот. Тука всушност може да се види целата интеракција и како самата апликација ги пресметува командите.
Веќе може да замислиме неколку познати игри кои би функционирале доста добро и би внеле една нова интеракција со публиката која сигурно би го засакала овој нов метод. Во видеото од MIT ни демонстираат како THAW може да се користи во игра слична на Super Mario. Доколку има некоја пречка самата површина на телефонот служи како кутија за да може карактерот да се качи и да го помине нивото. Најдоброто нешто е што за да се користи оваа технологија потребен е само паметен телефон со accelerometer.
Со сигурност има безброј можности и доста компании и стартапи кои би сакале да ја искористат технологијата на MIT за да создадат нови производи. Меѓутоа останува да видиме дали воопшто овој нов систем ќе се појави на пазарот. И дури тогаш останува да видиме дали ќе биде прифатен од пошироката јавност или пак ќе почека некоја година како што тоа беше случајот со сетовите за виртуелна реалност.
Извор: Engadget