Фото: Генерирано од Copilot

Преку неговиот најнов неделен билтен, Марк Гурман повторно напиша на кратко за очекуваниот iPhone на преклоп, кој според сите досегашни најави изгледа можеме да го очекуваме наредната година. 

Тој истакнува дека овој телефон ќе биде претставен на есенскиот настан, заедно со другите iPhone модели, а Apple ќе го позиционира како уред од повисоката класа, но не како целосно посебна категорија. 

Според Гурман, од компанијата не сакаат да го преземат пристапот на конкурентите кои ваквите уреди ги промовираат како целосно посебна категорија. 

Оваа информација може да се поврзе и со исто така неофицијалната информација дека Apple планира да започне со два настани за претставување телефони годишно. 

Оваа промена се најавува дека би започнала од следната година, па во септември 2026 може да ги очекуваме iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и iPhone на преклоп, додека „послабите“ модели заедно со iPhone 18e би биле претставени околу март 2027. 

Гурман продолжува со тврдење дека iPhone на преклоп ќе се истакне пред конкуренцијата со две карактеристики. За едната веќе читавме, а тоа е дека линијата каде што се превиткува екранот ќе биде минимална или воопшто нема да се гледа. 

Втората е квалитетот на механизмот за преклоп кој наводно ќе биде со доста поголем квалитет. 

На крајот, Гурман истакнува дека овој уред има шанса да биде одложен и да биде претставен во 2027 година, доколку се појават проблеми со процесот на развој и производство кои се доста сложени. 

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаНЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
Следна статијаApple размислува за додавање на интернет пребарувачи со вештачка интелигенција во Safari
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.