Фото: Концепт за iPhone Air од DALL-E / ChatGPT

Во септември се очекува Apple да го замени iPhone 17 Plus моделот со целосно нов iPhone, кој засега неофицијално се нарекува iPhone Air. Овој телефон уште од минатата година е предмет на шпекулации, а кратко кажано се работи за доста тенок телефон кој може да започне нов тренд на пазарот. 

Дека од компанијата навистина планираат претставување на доста тенок iPhone како очекување се зголеми кога Samsung го претставија нивниот Galaxy S25 Edge, доста потенка верзија од Galaxy S25 серијата. 

Едно од клучните прашања кои се поставуваат за ваквите телефони е каква ќе биде батеријата со оглед на помалиот простор за истата. За многу корисници доста тенок телефон не е доволна причина за да прифатат почесто полнење на уредот, а посебно кога се работи за ситуации како одење на одмор, патувања и слично. 

Батеријата кај Galaxy S25 Edge е со капацитет од 3.900 mAh, помалку од останатите во серијата, а за iPhone Air се најавува дека ќе дојде со батерија со капацитет од само 2.800 – 3.000 mAh.

Иако директна споредба помеѓу iOS и Android уредите само по капацитетот на батеријата не може да се направи, сепак ова е доста мала батерија која може да претставува проблем за поголема продажба на iPhone Air. 

Како дел од iOS 26 бета верзиите за програмерите достапна е нова функција во делот за батеријата наречена Adaptive Power која ја користи вештачката интелигенција за прилагодување на перформансите со цел заштеда на батеријата.

Ова сепак не може да е ни приближно добра замена за батерија со поголем капацитет, а такво нешто е достапно, само штета што Apple и Samsung сѐ уште не се решија за користење на технологијата.

Силициумските батерии овозможуваат до 15% поголем капацитет на истиот простор, па една ваква батерија во iPhone Air би дошла добро. 

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија – Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
Следна статијаOne UI 8 надградбата треба да почне да станува достапна од идниот месец
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.