Фото: Apple

Според информациите, новите iPhone телефони се продаваат доста добро, па може да се каже дека и покрај тоа што Apple целосно утнаа со вештачката интелигенција, новиот дизајн привлекува доволно внимание. 

Сепак, ова е првата промена на изгледот на iPhone после повеќе од пет години, а тука секако е и новиот и доста тенок iPhone Air

Една од главните новини кај iPhone 17 Pro серијата е повторно враќање на алуминиум како материјал за уредот, а тоа е директно поврзано со користењето на комора за испарување и подоброто ладење на телефоните кои доаѓаат со доста моќен чип. 

Според повеќе објави на повеќе друштвени мрежи, оваа промена кај телефоните ги прави доста поподложни на гребење, иако Apple се пофали колку помалку се гребе новото стакло кое се користи. 

Гребењето сепак се прави на делот со алуминиум, а јасно е дека овој материјал полесно се гребе од титаниумот кој се користеше претходните две години. 

Ова посебно е случајот со потемните нијанси, односно сината и портокаловата, па доста препорачуваат купување на светлата верзија, односно сивата боја. 

Сличен случај се пријавува и со црната боја од iPhone Air, па според некои луѓе, ова е и причината зошто Pro моделите оваа година немаат црна боја. 

Тоа што е „проблем“ е што ниту еден тест не покажува дали телефоните навистина се гребат толку лесно од обично користење и ставање во џебот, па повеќето ги гребат со алат и слично. 

Информациите доаѓаат од повеќе места, но и од Bloomberg, а во нивната објава можете да видите и неколку видеа од друштвените мрежи. 

Претходна статијаGemini for TV ја донесува вештачката интелигенција кај телевизорите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.