azymdam7bexvx4vreunhdc-970-80

Со лансирањето на P9, Huawei го направи најсериозниот влез во високата класа. Уредот има одлична изработка, високи перформанси и Leica камера со уникатни карактеристики и можности, кои се вистински трн во окото на конкурентите. Наредната година Huawei Ќе го лансира наследникот P10, кој ќе има уште подобри перформанси и спецификации.

Конечно, Huawei ќе вгради супер остар Quad HD дисплеј во уред од високата класа – досега нивните уреди се нудеа со Full HD дисплеи. Процесорот нормално ќе биде најновиот Kirin 960 на Huawei, кој сега ќе биде помогнат од дури 6 GB рам меморија, комбинација која сигурно ќе биде доволна за супер брзо и мазно работење.

Според протечените информации од GFXBench, телефонот ќе има и 256 GB внатрешен простор, но основниот модел претпоставувам дека би имал помалку, односно 32 или 64 GB простор. Задната камера повторно ќе има 12 мегапиксели. И покрај тоа што не се спомнува двојна камера, верувам дека тоа ќе биде подобрена верзија на овогодинешната Leica во P9.

Како и актуелниот P9 и P10 најверојатно ќе биде изработен од алуминиум и ќе има прилично тенко куќиште, а ќе доаѓа и со најновата верзија на Android Nougat. Секако, софтверот ќе биде „преоблечен“ во скинот на Huawei наречен EMUI, кој можеби нема да биде по вкусот на сите корисници.

Според тоа кога беше лансиран Huawei P9, можеме да очекуваме дека наследникот ќе биде лансиран во Април наредната година. Затоа, сите овие информации треба да ги земеме со задршка, иако делува како да може да им се верува.

Извор: Tech Radar, Pocket Lint, Phone Arena

Претходна статијаГугл научи ВИ како да енкриптира и да избегне „шпионирање“
Следна статијаSamsung ја купува познатата Harman со цел побрз влез во автомобилската индустрија