2018 помина во знакот на уредите со исечок на горната страна, тренд кој го започна Apple, иако го немаа првиот смартфон на пазарот со оваа карактеристика. 

Идната година изгледа ќе биде во знакот на смартфони со дупка на горниот дел од екранот, доволна мала за само да ја собере камерата, односно нешто поголема за уредите со двојна камера. 

Samsung веќе го претстави својот Galaxy A8s кој ја има оваа карактеристика, а Huawei најави дека исто така ќе претстави таков уред, најавувајќи го Honor View 20

Оваа недела Huawei се приклучува со претставување на официјален уред со дупка за камерата во горниот дел, меѓутоа не се работи за најавениот Honor уред, па овој смартфон го носи името Nova 4. 

Екранот на Nova 4, кој има резолуција од 2.310 x 1.080 пиксели, скоро и да нема рамки, благодарение на дупката за камерата. На долната страна има само многу мала рамка, па овој уред, како и што се очекува, е скоро целосно екран. 

Huawei Nova 4 работи на процесорот од P20 Pro, Kirin 970, што иако се работи за тогаш најдобриот процесор од Huawei, сепак за овој уред се немаат одлучено за најновото. 

Меморијата на Nova 4 вклучува 8 GB RAM, како и 128 GB простор за податоци. Батеријата, која поддржува брзо полнење, е со капацитет од 3.750 mAh. 

Камерата на предната страна, односно таа сместена во дупката во екранот, има сензор од 25 мегапиксели, додека на задната страна има три камери од кои главната со 48 мегапиксели. 

Huawei Nova 4 е претставен во Кина, меѓутоа се очекува да биде достапен и во останатите пазари. Цената по која треба да се продава е 490 долари, односно 450 долари за модел со послаба камера. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGalaxy Fold ќе биде името на смартфонот со екран на превиткување од Samsung и ќе чини 1.800 долари?
Следна статијаInstagram ја сумираше 2018 со неколку статистики од друштвената мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.