GSM Arena

Се гледа дека Huawei и Samsung ги држат првите две места на листата на најголеми производители на мобилни телефони. Тие се натпреваруваат на пазарот со „се што имаат“, па не ретко гледаме претставување на слични решенија, со разлика само во времето на претставување.

За крајот на февруари се очекува претставувањето на јубилејниот Galaxy S10 кој според досегашните информации ќе има екран без рамки околу него, без исечок на горната страна, само мали „дупки“ во кои ќе биде сместена предната камера.

Huawei изгледа ќе биде првиот производите којшто ќе претстави ваков уред. Тие на настан во Хонгконг го најавија својот Honor View 20 кој треба официјално да биде претставен до крајот на месецот.

Дизајнот и изгледот на уредот не беше прикажан, односно тој е сокриен со посебна маска, меѓутоа настанот не беше направен за неговиот дизајн.

Тоа што е најважно кај овој уред е што тој ќе има екран без воопшто рамки околу него, а на горната страна ќе има само една мала дупка во која ќе биде сместена камерата.

Кога сме кај камерата на овој уред, Huawei повторно ќе има уред со една од најдобрите камери, овој пат вклучувајќи ја за првпат кај еден смартфон, камерата со 48 мегапиксели и Sony IMX586 сензорот.

Оваа камера ќе биде засилена како и обично со вештачка интелигенција за овозможување на уште подобри слики, а сликите направени во темни услови ќе бидат со 12 мегапиксели поради технологијата на поврзување на 4 пиксели, со цел подобра слика во ваквите услови.

Овој уред исто така ќе дојде со Link Turbo функцијата која овозможува автоматско префрлување на 4G мрежата доколку Wi-Fi конекцијата има проблеми. Ова ќе овозможи константна поврзаност на уредот, дури и во ситуации на лоши јавни мрежи.

ИЗВОРGSM Arena
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаВидеата на главната страна на YouTube на мобилните апликации автоматски ќе се вклучуваат
Следна статијаКоментар на експериментот „како минувачи реагираат на насилство врз жена“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.