Huawei го најави претставувањето на нивните најнови телефони од Mate серијата, Mate40 и истото ќе се случи на 22-ри октомври. Како што е стандардно за 2020, настанот ќе биде само онлајн, а секако ќе може да се следи во живо со почеток во 14:00 часот по македонско време.

Во најавата за Mate40 од Huawei истакнуваат дека „доаѓа невидена моќ“, со што до некаде ни даваат знак што може да очекуваме да биде главниот акцент кај телефоните. Оваа серијата исто така е позната и по своите камери, како генерално телефоните од Huawei, па сигурно може да очекуваме некои новитети кои ќе го задржат овој производител на врвот.

Според неофицијалните информации, ова е последниот уред од Huawei, барем за одреден период, кој ќе го има нивниот силен Kirin процесор. Поради забраната за работа со Huawei од страна на американските власти, изгледа од компанијата нема да може да продолжат со стандардните соработки за да можат да ги преставуваат овие Kirin процесори.

Повеќе информации за Mate40 во најавата нема, па останува да го почекаме настанот и да видиме што ново спрема овој најпознат кинески производител на смартфони.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаСветската Здравствена Организација не препорачува рестрикции во движењето како примарна мерка за справување со коронавирусот
Следна статијаApple го претстави својот прв „mini“ iPhone, iPhone 12 mini и неговата поглема варијанта iPhone 12
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.