Фото од Tumisu преку Pixabay

Со зголемувањето на бројката на лица кои имаат позитивни резултати од тестирањето за присуство на Sars-Cov-2 вирусот, повторно станува актуелна темата за рестрикции во движењето на населението. Ова секако многу понегативно се доживува од луѓето кои во март сепак затекнати од новиот вирус, немаа проблем да бидат затворени краткорочно со цел да се реши ситуацијата.

Сепак, како што гледаме, вирусот продолжи да се шири, а логично повеќе по прекинот на рестрикциите и тоа е нормално. Тоа што е поважно да се гледа како информација од чисто бројката на позитивно тестирани, е бројката на хоспитализирани, како и бројката на починати. После толку месеци искуството во третирање на болеста COVID-19, а и развојот на третмани е на многу повисоко ниво, па не е се во бројката на заразени.

Со најавата во целиот свет дека повторно може да дојде до поголеми рестрикции во движењето, не само намалување на работното време на кафаните и бројката на луѓе по маси, логично прашањето за потребата и ефикасноста од ваквите мерки му е поставена на Др. Дејвид Набаро, еден од шесте специјални пратеници за COVID-19 пандемијата од страна на генералниот секретар на Светската Здравствена Организација.

Тој, на кратко, истакнува дека не се препорачува рестрикцијата на движењето да се користи како примарна мерка. Истата е замислена само краткорочно со цел да им се овозможи на властите во времето на пауза и намалување на случаевите, да се реорганизираат и спремат за новите случаеви.

Како што покажа искуството, рестрикциите го намалуваат бројот на случаеви, па по нивното намалување или укинување, бројките повторно растат. Тоа што треба да се направи е да се внимава на ризичните групи, а и да се бара да се почитуваат другите логични мерки од групите во населението кои не сакаат.

Набаро истакнува: „Ние во Светската Здравствена Организација не се залагаме за рестрикциите во движењето како примарно средство на контрола на вирусот. Единственото време кога веруваме дека рестрикциите се оправдани е да се „купи“ време за реорганизација, регрупирање, ребалансирање на ресурсите, заштита на здравствените работници кои се истоштени, но во голема мера, ние попрво не би го направиле тоа.“

Интервјуто за британскиот The Spectator можете да го погледнете во продолжение, а делот каде објаснува за рестрикциите почнува од 21 минута.

Претходна статијаApple денеска ги претставува телефоните од iPhone 12 серијата, гледајте го настанот во живо
Следна статијаHuawei ќе ја претстави Mate40 серијата на 22-ри октомври преку онлајн настан со почеток во 14:00 часот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.