honor-glory-8-press

Информациите за новиот Honor 8 на Huawei беа достапни и претходно, но кинескиот производител сега и официјално го претстави својот нов конкурент во високата класа, кој наместо со луксузна изработка и најдобри спецификации, ќе се бори со пониската цена.

Уредот не е воопшто слаб. Напротив, има Kirin 950 процесор, кој е само едно скалило под 955-ката во P9, помогнат од 3 или 4 GB рам, зависно од изведбата. Во превод, може да очекувате брза и мазна работа во оперативниот систем и разликата во перформанси во однос на конкуренцијата од високата класа веројатно ќе може да се забележи само во потешките апликации и игрите.

Huawei-Honor-8

Honor 8 ќе биде достапен со 32 и 64 GB внатрешен простор, со можност за проширување со micro SD картичка. Сепак, доколку користите две SIM картички во него, нема да може да вградите micro SD картичка – вториот слот е двофункционален и може да се користи само за една работа одеднаш.

Камерите се иста конфигурација како кај P9 – двојна назад со 12 мегапиксели и f2.2 бленда но без Leica леќи, односно предна со 8 мегапиксели и f2.4 бленда. Дисплејот има големина од 5,2 инчи и Full HD резолуција, што е респектабилно, додека батеријата има капацитет од 3.000 mAh. На задниот дел од телефонот е вграден и читач за отпечатоци на прстите, што веќе стана стандардно кај Android телефоните од оваа класа.

gsmarena_002

Honor 8 ќе биде достапен во 5 различни бои на стакленото тело и тоа: бела, златна, црна, розова и сина. Доаѓа со вграден Android Marshmallow 6.0 и EMUI 4.1 скин, додека цената ќе почнува од 269 евра во Кина. Моделот со 4 GB рам ќе чини 310 евра, додека оној со 4 GB рам и 64 GB простор ќе чини 373 евра. Продажбата во Кина ќе почне на 19 јули, но очекувајте телефонот наскоро да биде достапен и кај нас.

Извор: GSM Arena, Android Central, Pocketnow

Претходна статијаBLU Energy XL има батерија која трае 3 дена
Следна статијаAsus ZenFone 3 Deluxe е првиот телефон со Snapdragon 821 чип