v-mlinsangan_160211_0933_0013.0

Првиот паметен телефон на HP после подолго време ќе има Windows 10 Mobile со Continuum можност, супериорни перформанси, прилично висока цена и ќе биде наменет пред сѐ за бизнис корисниците. За жал, барем во почеток, нема да биде достапен кај нас.

Да потсетиме, се работи за уред со високи перформанси – 6 инчен AMOLED дисплеј со Quad HD резолуција, Snapdragon 820 чип, 4 GB рам меморија, 64 GB простор со micro SD слот, задна камера со 16 мегапиксели, предна со 8 мегапиксели, квалитетно Bang & Olufsen аудио, IP67 отпорност на вода, „војнички 810G стандард за отпорност на падови од 4 метри висина и батерија со капацитет од 4.150 mAh.

hp-elite-x3-skeu-e1456035991202

Но, многумина веќе се прашуваат зошто HP се одлучи на Windows 10 Mobile? Одговорот е едноставен – Continuum. Со оваа можност, бизнис корисниците ќе можат да го користат својот телефон како целосен Windows 10 компјутер, а HP најави дека наскоро дури ќе има можност и за користење на класичните Windows програми преку “Cloud” решение. За Elite X3 е достапна и лаптоп школка – треба само да ја поврзете со телефонот и таа ќе се претвори во функционален Windows 10 лаптоп.

HP_Mobile_Extender_Folio_Elite_x3_promo

Сепак, цената од 699 долари се чини како висока за Windows 10 Mobile уред, иако е реално многу пониска од iPhone 6S Plus или Galaxy Note 6 на пример. Телефонот ќе биде достапен во сите земји од ЕУ, но не и кај нас. Сепак, еве надеж дека HP ќе го понуди како паметно решение и во нашите компании, односно како можност вљубениците во Windows 10 Mobile оперативниот систем да купат телефон со која навистина ќе може да се гордеат.

Извор: Windows Central, Engadget, GSMArena

Претходна статијаSoftBank ја купи ARM за 32 милијарди долари
Следна статијаWIZZ AIR со нова линија од Хановер до Скопје