Конечно ја имаме и дадата кога Google ќе ги претстави своите телефони во јавноста. Иако од поканата до медиумите не може да се види за што се работи, сепак, се очекува претставување на Pixel 3 и Pixel 3 XL, уреди за кои се разбира дека можевме да прочитаме голем број на неофицијални информации.
Специфично за овие уреди е што има информација дека тие веќе се продаваат на црниот пазар, односно одредени верзии во ограничен број се разбира, се достапни во источна Европа.
Од досегашните неофицијални информации можевме да ги видиме скори сите карактеристики од уредите, како ти ќе изгледаат, па претставувањето ќе биде само една формалност.
Од тоа што може да се види во поканата е дека настанот ќе биде во Њујорк, а начинот на којшто е направена сепак асоцира на Pixel 3 уредите. I love New York е направено на начин да зборот love е заменет со срце кое е составено од бројката 3.
Инаку, настанот ќе почне од 17:00 часот според македонско време и како и секогаш ќе може да се следи во живо, а сите потребни информации ќе бидат достапни на Смартпортал.