Покрај трите нови iPhone модели кои треба да бидат претставени идниот месец, за оваа година ни остануваат уште Pixel 3 уредите од Google. Се разбира и за нив има огромен број на неофицијални информации, меѓутоа за разлика од другите телефони, за Pixel 3 излегуваат слики и видеа од луѓе кои тврдат дека го имаат уредот.

Според најновите информации, големиот број на слики и видеа од Pixel 3 XL изгледа се должат на достапноста на овој уред на црниот пазар во источна Европа. Поточно, се верува дека до украдени Pixel 3 XL уреди има дојдено продавач на мобилни телефони од Украина којшто ги нуди за продажба по цена од 2.000 долари од уред.

Од овој „добавувач“ доаѓаат сликите и видеата кои ги објавуваат најчесто руски блогери, преку кои и се дознаваат повеќето информации за наредната генерација од Google смартфоните.

Како што може да се види од сликите, Google Pixel 3 XL ќе дојде со прилично голем исечок на горната страна, како и рамка на долната. На задната страна ќе изгледа скоро исто како ланските модели, а се очекува внатре да се ставени најновите компоненти достапни на пазарот.

Според 9to5Google, Google се има заинтересирано за информациите дека одредени уреди се украдени и истите планира да ги провери.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаПатент од Motorola покажува смартфон со екран на превиткување во стилот на старите RAZR
Следна статијаКако би изгледал iPhone X Flex – смартфонот од Apple со екран на превиткување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.