Потегот на Samsung со користењето на свој процесор во новиот Galaxy S6, се покажа како исправен. На првите бенчмаркови, знаменосецот на корејскиот производител буквално ги згроми главните конкуренти, HTC One M9, Nexus 6 и Apple iPhone 6 Plus.
Чипот Exynos 7420, дефинитивно се покажа како посилен од најновиот на Qualcomm, Snapdragon 810, иако и двата имаат слична архитектура со осум физички јадра. Благодарение на бројот на јадрата, чипот на Samsung постигна неверојатен резултат од 4547 поени на GeekBench, пред HTC One M9, кој заврши со 3959 поени. Nexus 6, кој има Snapdragon 805 процесор, заврши со 3307 поени, додека поголемиот iPhone со 2911 поени.
На бенчмарковите наменети за едно јадро, пак, Nexus 9 со Tegra K1 процесорот е најдобар со 1976 поени, пред iPhone 6 Plus со 1626. На овие тестови, Galaxy S6 заврши како трет, со одлично постигнување за процесор со повеќе јадра од 1443 поени, што е драматично подобар резултат од Snapdragon 810 процесорот во HTC One M9, кој заврши со 1186 поени.
Гледајќи ги резултатите од овие бенчмаркови, јасно е дека Galaxy S6 може да се пофали дека е најбрзиот Android паметен телефон во моментов, секако доколку не го сметаме Nexus 9, кој е таблет. Разликата во однос на најблиските конкуренти не е воопшто мала и сопред досегашните искуства, би можела да се почувствува во некои 3D игри, кои бараат се повеќе и повеќе перформанси.
А макар и Exynos процесорот во новиот Galaxy S6 да не прави голема разлика во секојдневното користење во однос на Snapdragon 810, Samsung ќе го има правото да се пофали дека го има најбрзиот паметен телефон на пазарот во моментов, што може во големо да ја зголеми продажбата. Заедно со новиот, полуксузен дизајн на телефонот и моделот Edge, кој после долго време донесува иновации кај екранот во оваа класа, Samsung се чини дека повторно има светски хит, кој ќе се продава во милиони примероци.
Извор: TechRadar