Познатиот „протекувач“ на информации за кого од тоа што може да се најде на интернет, најчесто е во право со работите кои ги објавува, Ice Universe, излезе со слика од уред за кого тврди дека е прототип од Galaxy S10 на Samsung.

На сликата веднаш се гледа дека уредот нема рамка околу екранот, односно рамката е минимална само на горниот и долниот дел. На уредот нема ни исечок, а тоа мислам дека и не треба да не чуди, да сакаше Samsung да го следи тој тренд, до сега можеше повеќе пати да го воведе.

Очигледно е дека Samsung кој ги има едни од најдобрите екрани на пазарот, чека додека успее да претстави телефон без рамки, па со оглед на досегашните екрани од компанијата, мислам дека вреди тоа што тие нема да бидат првите со ваков уред.

Она што не може да се види од сликата е каде Samsung би ги сместил предната камера, звучникот и сензорите. Веќе можевме да видиме интересни решенија, а посебно кај Oppo Find X, каде камерата автоматски излегува од телото на уредот со моторизиран механизам, па не е чудо и Samsung да искористи некое слично решение.

Што се однесува до сензорот за отпечатоци, тој можно е да остане на задната страна, но можно е и кончено да биде поставен под екранот. Веќе има неофицијални информации дека Samsung конечно ќе вгради ваква технологија, за која доста корисници се надеваа дека ќе дојде со Note 9 ова лето, меѓутоа поверојатно е дека ќе треба да го причекаме S10 идната година.

Името на уредот не е официјално и не знаеме дали Samsung ќе продолжи со истото именување на S серијата, а посебно затоа што имаше информации дека може да дојде до промени.

До почетокот на идната година имаме уште доста време, па до тогаш ќе можеме да прочитаме уште многу информации пред официјално пуштање на телефонот.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Т3
Претходна статијаЈавните личности праќаат порака: Го сакам градот безбеден
Следна статијаXiaomi го претстави Mi Pad 4, нов таблет компјутер од средната класа за кинескиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.