Со оглед на тоа што Galaxy S10 е веќе претставен и е во продажба, а сме и на неколку денови до април, секако дека е време да почнат да излегуваат неофицијални информации за наредниот модел од Samsung за оваа година, Galaxy Note10.

Note серијата изминатите години обично Samsung ја претставува во август, па истото може да се очекува и оваа година, со тоа што овој пат нема да се „брза“ да се стигне пред Apple.

Според едни од првите неофицијални информации кои доаѓаат од корејскиот ETNews, Note10 ќе биде смартфон без ниту едно физичко копче. Тоа значи дека Samsung ќе ги тргне копчињата за отклучување и заклучување на уредот, копчињата за звук, како и Bixby копчето.

Ова не е првпат да прочитаме за ваков концепт на телефон, но додека нешто не е претставено од 3те најголеми компании на пазарот, исто и како да не било воопшто претставено.

Galaxy Note10 недостигот на физички копчиња би го заменил со сензори за допир на нивното место, а исто така се најавува контрола на уредот преку дополнителни гестикулации, како и гласовни команди.

Информациите исто така говорат дека овој „дизајн“ Samsung може да го тестира прво на A серијата, а тоа не би било првпат, од компанијата веќе ја имаат таа практика.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаИнтернетот штотуку стана помалку слободен
Следна статија‘’Women in Tech Research 1.0’’ – поддржано од SHE. и во соработка со Психеско
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.