На 2 април, со почеток од 18:00 часот во канцелариите на Симфони Солушнс, ќе се оддржи настанот SHE. Talks | Women in Tech Research 1.0, поддржан од заедницата SHE. и во соработка со Здружението на студенти по психологија – Психеско.

На овој настан, ќе имате можност да чуете неколку инспиративни приказни на успешни жени од ИТ секторот во Македонија како и резултатите од првото истражување ‘’Women in Tech Research 1.0’’, спроведено во месец февруари и март оваа година од страна на Психеско.

Целта на истражувањето е да се истражи моменталното присуство, можностите и предизвиците на жените во ИТ секторот во Македонија.

Бидејќи бројот на места е ограничен, секој заинтересиран своето присуство може да го потврди на следниот линк до 30 март.

Заедницата SHE. е серија настани со хуманитарна цел, досега успешно организирани во Украина и Полска, а неодамна и во Македонија, и има за цел да ги сoбере на едно место сите оние кои сакаат да чујат инспиративни приказни и дискусии на талентирани и успешни жени од различни индустрии.

Здружението на студенти по психологија – Психеско – е првото здружение на студенти по психологија во Македонија. Истражувањето на тема „Жените во ИТ секторот“ е дел од годишната кампања Виолетувај, која има за цел да ја зголеми свеста за родовите стереотипи, правата на жените и мажите, положбата на родовите во општеството, родовите улоги и нивното влијание.

Претходна статијаGalaxy Note10 ќе биде без физички копчиња?
Следна статијаАвицена Женска трка се надминува себеси – Рекорден број пријавени кандидатки