Филип Френзел од Аален Универзитетот од Германија е студен по инженерство кој доби награда од German Mechatronics Society оваа година. Неговиот производ е футрола за мобилните телефони која за разлика од повеќето, навистина го штити уредот од секаков вид на падови.
На пазарот има футроли кои се специјално направени да го заштитат уредот при падови, меѓутоа за да го овозможат истото тие мора да бидат прилично големи и гломазни.
Футролата на Френзел не е ништо поголема од стандардните футроли, а сепак овозможува одлична заштита на уредот. Тоа го прави преку ефектот кој се споредува со воздушното перниче од автомобилите.
Футролата забележува дека уредот е во слободен пад, по што од четирите агли излегуваат автоматски метални еден вид на држачи разделени на двете страни од уредот, со што се добиваат 8 држачи.
Истите овозможуваат да нема дел од уредот кој би можел да допре на земјата кога ќе падне, со што се овозможува целосна заштита. Нивната еластичност овозможува да се ублажи енергијата од падот која ќе се пренесе на телефонот, па не би требало да има висина од која оваа футрола не може да овозможи заштита.
Френзел планира оваа футрола да ја понуди на Kickstarter, а ние не може да замислиме дека нема да има огромен број на заинтересирани купувачи.