„Се приближуваме кон крајот на ова патување и главните ликови се понесигурни од кога било“, рече Кортни А. Кемп, создавачот на серијата „Моќ“.

Серијата „Моќ“ (Power) во Америка постигна голем успех и се проценува дека неа, по епизода, ја гледале над 6,5 милиони гледачи. За толкавата гледаност, бездруго не одмогна фактот дека серијата е правена според животот на Фифти Сент и, иако тој не ја игра главната улога, многуте ситуации низ кои минува главниот лик Дух (Омари Хардвик) го пресликуваат животот што порано го живеел раперот.

„При пишувањето на сценариото и во креативниот дел за осмислувањето на серијата го играв Дух. Потоа разговаравме за тоа колку од моето време би одзело тоа и од колку работи би морал да се откажам во животот. Тогаш реков дека сепак Омари ќе мора да го игра Дух“, рече Фифти Сент.

Дух е главниот лик што го следи статусот на моќен дилер со особена улична интелигенција. Негова сопственост е еден многу популарен ноќен клуб, што го користи како параван за бизнисот поврзан со дрога, додека во јавноста Дух има уреден живот и семејство.

Освен Дух (Омари Хардвик), други истакнати ликови се и Томи (Џозеф Сикора), Кејнан (Фифти Сент), Дре (Ротими Акиношо), Тарик (Мајкл Рејни) и Анџела (Лила Лорен). 

Посебна клаузула за – секс

Престрелките, дрогата, клубовите, згодните жени, парите, добрата музика и – сексот се препознатлива ознака за серијава. А за многу добар секс во серијата се залагаше и Фифти Сент, барајќи клаузула во договорот за актерите, која вели дека никој не смее да се противи ако одвреме-навреме мора да учествува во некаква сочна интимна сцена – а такви во серијава навистина има во изобилство.

Серијата „Моќ“ создаде и некои телевизиски лица што станаа омилени кај гледачите, како што е Омари Хардвик, кој има свои позитивни и негативни страни, а гледачите и обожавателите на серијата се поистоветуваат со него затоа што тој не ги крие своите маани, додека во душата е добар човек:

„Омари е толку талентиран што ќе посакате само да го гледате како работи. Често ја советува целата екипа и многу се труди, ама баш за секоја сцена“, изјави Фифти Сент.

Новите епизоди од петтата сезона на оваа адреналинска серија гледајте ги секој понеделник, од 2 јули, веднаш по прикажувањето на премиерата во Америка – само на Pickbox.

Претходна статијаСтудент од Германија направи „воздушно перниче“ за мобилните телефони
Следна статијаLG V40 ќе биде првиот смартфон со пет камери?