Samsung оваа есен претстави нова верзија од Galaxy S20 серијата која ја има додавката „Fan Edition“, која корисниците одлично ја прифатија. Се работи за уред кој ги има повеќето од карактеристиките на серијата, со мали измени, а прилично пониска цена, па нема зошто корисниците да не се одлучат за овој одличен телефон.

Кога ќе се земат во предвид карактеристиките и цената на Galaxy S20 Fan Edition, воопшто не е чудо да корисниците се надеваат и на една ваква верзија од Note20 серијата. Samsung по грешка на една од нивните веб страни во текстот спомнува Galaxy Note20 Fan Edition, со што се отвора можноста дека ваков уред е планиран.

Сепак, не е јасно дали грешката која е направена е предвременото споменување на постоечки уред или едноставно се работи за вистинска печатна грешка од страна на тој што ја ажурира страната.

Со оглед на тоа што Note серијата отсекогаш била поскапа и корисниците на оваа серијата немаат проблем со тоа, можно е да сепак од Samsung не се одлучат да овозможат доста поевтина верзија со што може да си направат „проблем“ со долгогодишните фанови.

Како и да е, тоа што ние го чекаме е наредната генерација од Galaxy S серијата која се најавува нешто порано од обично, односно може да ја видиме во јануари со нешто изменет изглед и нова генерација на чип со доста поголеми перформанси.

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаИграчките конзоли не се иднината на гејмингот, стримингот на игри од било кој уред е иднината
Следна статија„Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности” – тема на третата годишна конференција за е-трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.