asus-zenpad-s-8-0

Продажбата на таблетите во последниве две години почнува да опаѓа, но тоа не ги спречува производителите да иновираат и во овој сектор. Asus штотуку лансираше нов ZenPad S таблет, кој има премиум спецификации и луксузна изработка, по цена од само 299 долари.

Asus веќе подолго време е меѓу најдобрите кога се таблетите во прашање, што е една од причините зошто го произведуваа и исклучително популарниот таблет на Google, Nexus 7.

Новиот ZenPad S 8.0 ја продолжува традицицијата на квалитетни таблети, но донесува малку различен дизајн, со премиум изработка и употреба на алуминиум, како и екран кој има 7,9 инчи и резолуција од 2048х1536, исто како и iPad Mini. Ова не е случајно, бидејќи ZenPad S цели токму на тој таблет.

Во внатрешноста, како и скоро сите други мобилни уреди на Asus, чука срцето на Intel Atom Z3580 процесорот со четири јадра, помогнат од 4 GB рам меморија, што е конфигурација која треба да овозможи прилично добри перформанси. Вграден е и 64 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка, што е навистина многу.

Батеријата има 15,2 Wh и Asus ветува 8 часови константно работење, што е во рамките на класата, додека за полнење ќе се користи новиот USB Type-C приклучок. Таблетот има предна камера со 2 мегапиксели и задна со 5 мегапиксели, но вистински адут во ракавот му е DTS-HD озвучувањето, кое треба да овозможи квалитетен звук од малите вградени звучници.

Цената на вака опремениот ZenPad S изнесува 299 долари, што не е многу, особено поради капацитетот на меморијата од 64 GB. За оние кои сакаат да бидат попродуктивни, достапно е и дигитално пенкалце со 1024 нивоа на притисок за само 29,99 долари.

Извор: Tom’s Hardware, ZDNet

Претходна статијаСимнете ги позадините од новиот Android Marshmallow
Следна статијаОфицијална фотографија – првиот телефон на BlackBerry со Android!