Nexus 4 беше последниот од групата на Nexus уреди за кој што остана неизвесно дали и кога ќе ја добие надградбата на најновата верзија од оперативниот систем, Android 5.0 Lollipop. Сепак за среќа на корисниците на овој уред, во петокот беше потврдено дека надградбата е спремна и дека ќе биде пуштена наскоро за овие корисници, меѓутоа кога е тоа, не беше кажано.
Од овој викенд достапни се Factory Images фајловите за овој уред, кои што се користат за флешување на уредот. Се разбира оваа активност е препорачана за напредните корисници кои што точно знаат како ова се прави и се свесни за потенцијалните ризици. Фајловите можете да ги симнете од страна на Google преку следниот линк и сами да ја инсталирате најновата верзија од Android доколку не ви се чека OTA надградбата да стане достапна.
Доколку сепак не сакате да го флешувате вашиот уред и сепак би причекале надградбата официјално да биде пуштена преку уредот, односно Over the Air, фактот дека се пуштени фајловите значи дека нема уште многу да чекате. Во деновите што следат можете да проверувате за нова верзија на системот преку уредот, па се очекува и тоа наскоро да биде достапно.
Извор: Ubergizmo