Новата година започнете ја со одлични серии на Pickbox TV! По празничното расположение и неколку недели исклучително со божиќни филмови, Pickbox TV се враќа во својот вообичаен ритам и прикажува серии со кои препорачуваме да ја почнете новата година.

РАЈ ЗА ДАМИ ( Il paradiso delle signore )

Долго очекуваната италијанска драмска серија „Рај за дами“ почнува со прикажување од 3 јануари. Оваа серија е инспирирана од романот на Емил Зола „Au bonheur des dames“. Се работи за приказна за животот, љубовта и надежта на луѓето што гравитираат околу една продавница за облека во Милано.

РЕБУС ( Rebus )

Од 10 јануари гледајте ја британската детективска драмска серија „Ребус“. Според романите „Инспектор Ребус“ од шкотскиот автор Иан Ранкин, во оваа серија се работи за еден намќорест детектив и за фантастичните единбуршки мистерии. Главниот актер во првата сезона е Џон Хана (го гледавме во „Жртва“ на Pickbox NOW) додека во останатите три сезони, улогата на Ребус ја презема Кен Стот, најпознат по улогата на џуџето Балин во трилогијата „Хобит“.

ФРОСТОВИОТ ПРИСТАП ( A Touch of Frost )

Вилијам Едвард Форст, од милост наречен Џек, е детектив кој отсекогаш уживал во полициската работа на терен. Неговата облека има дамки од шеширот до ногавиците, се храни во кантината, редовно им го пие чајот или кафето на колегите, заспива уморен во фотелја, но поинаков не ни може да биде. Генијалната британска серија „Фростовиот пристап“ гледајте ја од 10 јануари!

ОПСЕДНАТ ( Besatt )

Криминалистичката детективска серија Опседнат е одлична норвешка серија за еден страшен и необичен случај. Имено, детективите Макс Соренсон и Сандер Холм почнуваат заедно да работат на случајот на таинствената смрт на четворица млади емигранти. Нема траги од насилство или дрога, но на местото на злосторството се случува нешто многу чудно, ползат јагули. И двајцата детективи почнуваат да гледаат необјасниви работи, а чувството за просторот и времето полека исчезнува. Опседнат гледајте ја на Pickbox TV од 10 јануари.

ШЕСТ СЕСТРИ ( Seis hermanas )

Љубителите на серијата „Шест сестри“ многу ќе се израдуваат затоа што оваа многу барана серија се враќа на Pickbox TV од 17 јануари! Дејствието се одвива во Мадрид на почетокот од 20 век, а серијата е преполна со авантури и романси. Во фокусот се шест млади жени, сестри од богатото и ценето семејство Силва, кои го преземаат бизнисот на својот татко по неговата смрт.

ШЕТЛАНД ( Shetland )

Брилијантната шкотска криминалистичка серија „Шетлан“ почнува со прикажување на 17 јануари. Во главната улога е Даглас Хеншал во улогата на Џими Перез, снаодливиот полициски инспектор кој работи за шетландската полиција. Хеншал ја освои наградата БАФТА за најдобар актер во серија, а серијата освои награда за најдобра драмска серија во 2016 година.

Дејствието се одвива во шкотскиот архипелаг, а главното место на дејствието е Шетланд, кој се одликува со уникатен пејзаж и начин на живот. Полицискиот тим ги истражува злосторствата кои се тесно поврзани со островската заедница. Во ова изолирано и понекогаш непријателски настроено опкружување, полицискиот тим мора да најде креативни начини за полициската работа.

Рослунд и Хелстром: Сандаче 21 ( Roslund & Hellström: Box 21 )

Шведската криминалистичка мини-серија ќе ве задржи пред малите екрани поради својата суровост, свирепост, напнатост и сложеност на ликовите. Таа се заснова врз успешниот криминалистички роман од шведската двојка, новинарот Андерс Рослунд и Борг Хелстром, основач на организација за спречување криминал, која се занимава со ресоцијализација на криминалците.

Се состои од шест епизоди – првите две епизоди ќе се емитуваат на 19 и 20 јануари, а останатите четири епизоди од понеделник 24 јануари.

Сите генијални серии што ви ги подготви Pickbox TV гледајте ги од јануари и со стил влезете во новата 2022 година! 

Претходна статијаАЕТМ ќе ги организира првите награди за е-трговија во Македонија “E-commerce Awards 2021”
Следна статијаSamsung го најави претставувањето на наредната генерација од нивниот Exynos чип и потврди дека ќе дојде со AMD RDNA 2 графика