Ова прашање, иако не за првпат, е поставено од страна на еден белгиски суд во рамките на криминална истрага која што е во тек. Судот има побарано од Skype да ги достави податоците што ги има за одредени корисници, односно нивните пораки и разговори.
Поради не почитување на барањето, Skype е повикан да се појави пред судот кој што тврди дека разговорите треба да бидат дадени врз основа на закон кој што истото го прави задолжително за телекомуникациските оператори.
Според ова, се поставува прашањето дали Skype може да се смета за телекомуникациски оператор или само како софтверско решение за комуникација преку интернет. Доколку се одлучи дека се смета за телекомуникациски оператор, тогаш Skype ќе треба да подлежи на истите закони кои што важат за операторите, што во овој случај подразбира и давање на сите потребни информации на судот.
Судското прашање е дали Skype е исто така и телекомуникациски оператор – изјави претставник на судот.
Доколку белгискиот суд одлучи дека Skype треба да се смета како телекомуникациски оператор, тогаш податоците ќе мора да бидат предадени, а во спротивно можно е изрекување и на казна за компанијата.
Дискусијата дали Skype, но и сличните апликации треба да се сметаат за повеќе од обични софтверски решенија не е нова. Операторите веќе губат огромни суми на пари поради намалениот број на разговори кои што сега се прават преки интернет користејќи ги некои од познатите апликации како Skype, Viber, WhatsApp и други.
Според одредени информации, се очекува светските оператори да изгубат повеќе од 300 милијарди долари помеѓу 2012 и 2018 поради користењето на новите технологии.
„Проблемите“ помеѓу постојните компании и тие кои што на пазарот носат нови технологии не е ограничен само во телекомуникациите, односно може да се каже дека тоа е случајот со повеќето пазари.
За ваквите случаеви можете да ја прочитате колумната која што ги објаснува проблемите со кои што се соочува Uber во повеќето земји.
Извор: Reuters, VentureBeat