The Verge

При крајот на минатата недела официјално беа претставени плановите на Google да го модернизира SMS сервисот, односно да го донесе во 21-от век. Тоа планира да го направи преку нов систем наречен RCS, а подетално за овие планови и што точно претставува овој систем, можете да прочитате на оваа статија.

На кратко, RCS е кратенка од Rich Communication Services, но сервисот на корисниците сепак ќе им биде повеќе презентиран како Chat додаток на веќе постојната Android Messages апликација. Она што ќе го овозможи RCS, односно Chat, е да пораките кои ќе се испраќаат како досегашните SMS пораки, имаат можност да бидат подолги, да се гледа кога пораката е прочитана, кога другата страна пишува, да се прават групни разговори, да се испраќаат фајлови и поголеми слики. Кратко кажано, со ова на досегашната SMS комуникација и се донесуваат сите стандардни можности на кои се научивме од апликациите како Facebook Messenger, Viber и другите.

Со оглед на тоа што RCS е замислен како замена на SMS сервисот, значи не може да функционира независно преку интернет како другите апликации, потребна е поддршката од мобилните оператори кои и ќе го овозможат сервисот, како и од производителите на мобилните телефони кои ќе овозможат имплементација на сервисот во нивните уреди и апликации.

Листата на мобилни оператори кои ја имаат дадено својата поддршка е задоволителен според мене во оваа фаза кога сервисот се’ уште не е официјално започнат, а верувам дека во годината што следи повеќето ќе го направат истото.

Кои оператори досега ја имаат дадено својата поддршка ?

  • Advanced Info Service (AIS) – Thailand
  • Airtel – India
  • América Móvil – Mexico
  • AT&T – USA
  • Axiata – Malaysia
  • Beeline – Russia
  • Bell Mobility – Canada
  • China Mobile – China
  • China Telecom – China
  • China Unicom – China
  • Claro – Latin America
  • Deutsche Telekom – Germany
  • Etisalat – UAE
  • Globe Telecom – Philippines
  • Ice – Norway
  • Indosat Ooredoo – Indonesia
  • KDDI – Japan
  • KPN – Netherlands
  • M1 Limited – Singapore
  • MegaFon – Russia
  • Millicom – Latin America and Africa
  • MTN Group – South Africa
  • MTS – Russia
  • NTT Docomo – Japan
  • Optus – Australia
  • Orange – France
  • Personal – Argentina
  • Play – Poland
  • Reliance Jio – India
  • Rogers – Canada
  • Singtel – Singapore
  • Smart Communications – Philippines
  • Sprint – USA
  • StarHub – Singapore
  • Telcel – Mexico
  • Tele2 – Nordic countries
  • Telefónica – Spain
  • Telenor – Norway
  • Telia Company – Sweden
  • Telkomsel – Indonesia
  • Telstra – Australia
  • Telus – Canada
  • TIM – Italy
  • T-Mobile – USA
  • Turkcell – Turkey
  • Verizon – USA
  • VEON – Netherlands
  • Vodafone – UK

Во листата е и Deutsche Telekom, сопственикот на нашиот Телеком, па тоа може да значи дека можеме да го очекуваме овој сервис и во нашата земја.

Листата на производители на мобилни телефони кои ја имаат дадено својата поддршка, ги вклучува следните:

  • Alcatel
  • ASUS
  • General Mobile
  • HTC
  • Lava Mobiles
  • Lenovo
  • LG
  • Huawei
  • Intex
  • Samsung
  • ZTE

За потсетување, доколку се испрати RCS порака до корисник којшто е на оператор или мобилен телефон без поддршка за системот, добро е што таа порака ќе биде доставена како обична SMS порака, односно истата нема да биде загубена.

Ќе биде интересно да се види дали покрај сите други апликации, овој нов систем ќе може да привлече доволно корисници.

ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаМоже да очекуваме iPhone SE2 од Apple порано од останатите модели за оваа година
Следна статијаСигурносни експерти од F-Secure открија пропуст во софтверот на електронските брави кои се користат во илјадници хотели во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments