Веќе неколку пати до сега се најавува дека моделите за оваа година, Apple ќе ги направи во стилот на iPhone X. Тоа значи дека новите модели ќе имаат поголеми екрани без рамка околу нив, само веќе познатиот мал исечок на горната страна.

Во оваа група се најавуваше и iPhone SE2 за кој се веруваше дека ќе дојде со нов дизајн, односно нема да го задржи сегашниот. Тоа значи дека овој модел веќе нема да биде со големина на екранот од „само“ 4 инчи, а ќе добие и неколку други новини од другите модели.

Сепак, според информации од Macotakara, еден од сега не толку ретките „неофицијални информатори“, Apple ќе претстави iPhone SE2 модел, меѓутоа тој нема да ги има промените коишто се најавуваат. Овој модел ќе биде ист како и до сега, со тоа што се разбира ќе има некои од поновите хардверски компоненти во него.

До ова тврдење тој доаѓа од разговарањето со повеќе производители на футроли на настан во Хонгконг, кои тврдат дека и старите футроли ќе може да се користат на новиот SE2 модел, што значи дека не може да се очекува порадикалниот редизајн што се најавуваше.

Она што друго се најавува за овој модел е дека може ќе биде претставен уште сега во мај, а ќе доаѓа со A10 Fusion чипот од iPhone 7, како и тоа дека и кај него ќе биде тргната приклучокот за слушалки, нешто што Apple почна да го практикува кај своите модели.

ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаПребарајте ги сите слики и видеа од NASA на нивната нова страната наменета специјално за тоа
Следна статијаКои мобилни оператори досега ја дадоа својата поддршка за новиот RCS систем на Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.