Од денеска Netflix за првпат во својата понуда има македонски филм и истиот им е достапен на сите за гледање. Се работи за новиот и наградуван филм Сестри од режисерката Дина Дума, а во главните улоги се Антонија Белазелкоска и Мира Жиро.

Сестри својата премиера ја имаше во август, а беше снимен во 2019 година. Премиерата на филмот беше прикажана на филмскиот фестивал во Карлови Вари каде ја доби и својата награда од жирито.

Филмот се одвива во Македонија и го следи пријателството на две тинејџерки. Направен е соодветно на ова модерно време кога скоро се е снимено и објавено на друштвените мрежи. Главното дејство на филмот е поврзано со двете другарки, младо момче во кое им се допаѓа, како и уште една девојка од нивниот клас. Ова доведува до неочекувани проблеми.

Да не го откриваме дејството на филмот кој можете да го гледате на Netflix со пребарување на Sisterhood или преку овој линк.

Режисерката Дина Дума истакнува дека инспирацијата за филмот ја има добиено од вистински случувања од нејзините тинејџерски години.

Филмот покрај на Netflix е достапен и во кино Милениум од 16ти декември.   

Претходна статијаSamsung во партнерство со Netflix покрај париската мода, ги носи популарните модерни уреди во втората сезона на хит серијата „Емили во Париз“
Следна статијаГраѓаните понудија предлози како да се подобри транспарентноста и отчетноста на институциите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.