При крајот на минатата година, во бета форма, Microsoft Authenticator доби можност за пополнување на лозинките од Microsoft Edge на било која апликација или веб страна. Исто така, беше претставен и додаток за Google Chrome со што и овој прелистувач беше вклучен во можноста за креирање и синхронизација на лозинките кои се зачувуваат на Microsoft сметката од корисникот.
Сега оваа функција, односно нова сервис од Microsoft е официјално достапен за сите корисници и е излезен од бета фазата на тестирање.
Корисниците се што треба е да се најават со својата Microsoft сметка на делот за пополнување на лозинки во Microsoft Authenticator, па можат да почнат да ги користат тие лозинки и на нивните Android и iOS мобилни уреди.
Секако, ова веќе беше можно преку Microsoft Edge прелистувачот на овие платформи, но сега лозинките ќе може да бидат пополнети и на други апликации.
Со оглед на популарноста на Google Chrome, Microsoft претстави и посебен додаток, Microsoft Autofill, кој ги донесува овие лозинки и кај прелистувачот од Google. Корисници, покрај можноста за пополнување на веќе постојните лозинки, ќе можат да креираат и нови, а тие ќе се синхронизираат со нивната Microsoft сметка.
Инаку, доколку не сте запознаени со Microsoft Authenticator, се работи за апликација која генерира еднократни кодови или известувања за најавување на сервисите со додатна заштита, односно со дво-степенепа автентикација.

Корисниците веќе имаат можност, која е можеби и повеќе препорачана, за зачувување, синхронизација и пополнување на лозинките на сите платформи преку големиот избор на апликации за таа намена. Кај голем дел од нив предноста е што лозинките се шифрирани и никој освен корисникот не може да ги отвори, а исто така овозможуваат и генерирање на сложени лозинки, нешто што за почеток не е достапно кај Microsoft Authenticator, па генерирањето на лозинките ќе мора да се прави преку Edge или Chrome.
Сепак, за корисниците кои не користат некаков менаџер за лозинки, ова е одличен начин да почнат со безбедни и добри практики кога се во прашање лозинките за онлајн сервисите.