HBO Go, кој потоа стана HBO Max, па на крајот едноставно Max, сега повторно го носи името HBO Max. Од оваа недела промената на брендот е официјално направена, па може да се забележи кај апликациите, како и на веб страната.
Од Warner Bros.Discovery ја најавија оваа промена, односно враќањето на HBO во името на стриминг сервисот, во мај оваа година, а беше истакнато дека официјализирањето на промената ќе започне од ова лето.
Како што беше очекувано, се работи само за ребрендирање, па апликациите и сервисот генерално остануваат исти, па доста корисници може и да не забележат некаква промена.
Променетото име, односно и новото лого, се добиваат по надградба на апликацијата во продавниците за апликации.
Нема официјално објавена причина за оваа промена, но верувам дека целта е да повторно биде јасно дека се работи за стриминг сервис кој е од познатиот HBO бренд кој постои повеќе од 50 години.