Новата содржина доаѓа директно до Велика Британија – на 14. април на стриминг сервисот Pickbox NOW ќе биде достапна премиерата на новата мини-серија на Агата Кристи: „Зошто не го прашаа Еванс“ (Agatha Christie: Why Didn’t They Ask Evans?) – и тоа веднаш по светската премиера! Новата крими серија се состои од четири епизоди, а омилениот Хју Лори го потпишува сценариото, режијата и глумата.

Серијата го следи дејството на фамозниот и култен роман од 1934 година на мегапопуларната писателка Агата Кристи. Боби Џонс (Вил Полтер) е чесно и љубезно момче и син на викарот кој почнува да ја истражува смртта на човекот за кого се смета дека паднал од врвот на гребенот. Меѓутоа, она што смртта ја прави сомнителна е мистериозното прашање коешто човекот му го поставува на Боби како негови последни зборови – “Зошто не го прашаа Еванс?“

Додека Боби ја истражува смртта со својата паметна и непоколеблива пријателка од детството Френсис „Френки“ Дервент (Луси Бојнтон), наидува на мрачни завери, измами, предавства и убиства. Ве очекува една вистина доза на Агата Кристи.

ХЈУ ЛОРИ КАКО РЕЖИСЕР, СЦЕНАРИСТ И АКТЕР

Сестраниот британски актер, режисер и сценарист Хју Лори, кого добро го познаваме од серијата „Д-р Хаус“ и „Ноќен менаџер“, ни носи нова сериска адаптација на крими романот на Агата Кристи. Лори уште од детството е голем обожавател на популарната писателка, а негова омилена книга е токму „Зошто не го прашаа Еванс?“.

„Косата на тилот сè уште не ми слегнала правилно уште од првиот пат кога ја сфатив убавината на оваа мистерија. Оттогаш сè подлабоко се вљубував во ликовите и чувствувам неизмерна чест што добив можност да ја прераскажам нивната приказна во облик на серија“,рече Лори.

ЅВЕЗДЕНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Во главните улоги се британскиот актер Вил Полтер („Повратник“) и британско-американската актерка Луси Бојнтон („Боемска рапсодија“). Популарниот актер Полтер штотуку доби и улога во очекуваното трето продолжение на „Чувари на галаксијата“.

Им се придружуваат и Мев Дермоди („Тајната градина“) како Моира и Конлет Хил („Игра на тронови“) како д-р Алвин Томас, менторот на Боби. Другите имиња ги вклучуваат Мајлс Џапа („Дарелови“), Еми Натал („Даунтонска опатија“), Алистер Петри („Роуг 1: Приказна од војна на ѕвездите“), Морвина Бенкс („Скинс“) и Џошуа Џејмс („Црно огледало“). Хју Лори го игра доктор Џејмс Николсон, кој го води санаториумот.

Покрај нив, улоги имаат и Ема Томпсон („Дадилката Мекфи“, „Круела“) и Џим Броадбент („Војводата“, „Хари Потер“, „Сплетки“).

Неверојатната приказна, феноменалните карактери и култната адаптација на најпопуларната писателка на крими романи, со посебен печат на Хју Лори, се совршен рецепт за најисчекуваната крими серија на годината.

Гледајте ја Агата Кристи: Зошто не го прашаа Еванс? (Agatha Christie: Why Didn’t They Ask Evans?)  на Pickbox NOW истовремено кога и целиот свет – на 14. април.

Претходна статија„Picture-in-picture“ функцијата се однесувала за YouTube TV, се исправи Google по вчерашната најава за iOS
Следна статијаГрупа акционери поднесе тужба против Елон Маск за неговото купување акции во Twitter