Shutterstock.com

Група на акционери поднесе тужба против Елон Маск со обвинувањето дека тие имаат изгубено пари поради непридржувањето до процедурите кога се купува поголем процент на акции во некоја компанијата.

Поточно, според правилата, Маск имал рок во кој тој требало да ја информира комисијата за хартии од вредност, а со тоа и акционерите, за неговото купување акции, но тој тоа го направил со две недели задоцнување.

Според тужбата, во тој период, акционерите кои ги продале своите акции ги продале по пониска цена затоа што по објавувањето на информацијата за Маск, цената очекувано почнала да расте.

„Инвеститорите кои продале акции на Twitter помеѓу 24 март 2022, кога Маск имал обврска да го открие своето сопствеништво во Twitter, и пред објавувањето на 4 април, го имаат пропуштено зголемувањето на цената на акциите поради реакцијата на пазарот на купувањето на Маск и со тоа биле оштетени.“ – се истакнува во тужбата.

Инаку, по објавувањето на информацијата дека Елон Маск стана најголемиот поединечен акционер во Twitter, тој требаше да стане и член на одборот на директори, но се премисли и реши да не го прифати тоа.

Причината за премислувањето не е позната, но може да е поврзана со ограничувањето со кое доаѓаше договорот за неговиот мандат во одборот на директори, според кое Маск немаше да смее да купи повеќе од 15% од компанијата за времетраењето на мандатот и 3 месеци после тоа.

Можеби Маск има поголеми планови за друштвената мрежа од само добивање на едно место во одборот на директори, а може да се прочита дека на дел од вработените тоа уште сега не им се допаѓа.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаАгата Кристи: Зошто не го прашаа Еванс? – ексклузивна премиера на Pickbox NOW
Следна статијаFIFA го пушти FIFA+ стриминг сервисот со можност за гледање натпревари во живо, информации, документарци и повеќе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.