Стилот на живот во модерното време подразбира многу седење, а во последните месеци и работењето од дома (smart working) само по себе ја намалува можноста за евентуално движење од дома до работното место. На сите ни е добро познато дека сето ова не му годи на здравјето, па затоа желбата и потребата од физичка активност се повеќе од препорачани за секој од нас.  

Загадениот воздух веќе претставува добро познат проблем за време на зимскиот период, како и новонастанатата ситуација низ цел свет, придонесуваат луѓето да бараат попрактичен начин за физичка активност. Затоа, наместо да се излегува на загаден воздух или да се посетуваат фитнес центрите(што за голем дел од луѓето претставува вистински ризик моментално), брендот Xiaomi се потруди да им излезе во пресрет на сите љубители на спортот и здравото живеење.

Покрај тоа што Xiaomi се прослави на пазарот преку смартфоните, брендот секојдневно се труди да го олесни секјдневниот живот на верните потрошувачи, па така траките за трчање стануваат дел од тоа.

Во Македонија траките на брендот Xiaomi се достапни преку веб продавницата Смартус Македонија, каде може да се најдат три модели. Траките се одликуваат со елегантен и префинет дизајн, секоја со свои лични перформанси но и со цени достапни за сечиј џеб.

Испораката на траките е од магацин во нашата земја и корисниците може да ги очекуваат во рок од 24-48 часа без дополнителни трошоци.

На ова треба да се додаде и тивкиот начин на работа, како и можноста да два од моделите се преклопат на пола со што ќе може лесно да се поместат од едно до друго место а да не зафаќаат простор и да не привлекуваат внимание.  

Трите модели кои се достапни на нашиот пазар се следните:

Xiaomi Urevo Smart Walking Pad U1

Овој модел може да го наречеме основен и наменет за тие кои не сакаат повеќе од пешачење и можеби „лесен“ џогинг. Брзината кај оваа трака е ограничена на 6 км/ч што е доволно за едно побрзо пешачење.

Брзината на движење се контролира преку безжичниот контролер, а вграден е и LCD екран на којшто ќе може да ги видите сите потребни информации за активноста.

За повеќе информации за Xiaomi Urevo Smart Walking Pad U1, како и цени, посетете ја страната на производот на Смартус Македонија.

Xiaomi Walking Pad A1 PRO

Вториот модел во понудата овозможува повеќе можности за разлика од основниот, па така овој модел доаѓа со потивко работење благодарение на „brushless“ моторот. Брзината исто така му е ограничена на 6 км/ч, а тука е и можноста за автоматско регулирање на брзината зависно од позицијата на движење.

Сите информации и цена за овој модел можете да ги погледнете на овој линк.

Xiaomi KingSmith Walking Pad R1 PRO

Ова е најнапредниот достапен модел и тој веќе влегува во понапредната категорија. Доаѓа со поразличен, заоблен дизајн, а исто така може да се преклопи на половина за полесно чување на страна.

Оваа трака е опремена со таканаречен „brushless“ мотор со што се постигнува намалено ниво на бучава при користење.

KingSmith Walking Pad R1 Pro доаѓа со можност за прилагодување на брзината преку безжичниот контролер, но и автоматски зависно од тоа на кој дел од лентата се движите, односно на предниот за забрзување, на средниот за одржување на брзината и задниот за забавување.

Брзината кај овој модел е ограничена на 10 км/ч, што значи дека може да се користи и за побрз џогинг.

Овој модел исто така има можност да се поврзе со мобилна апликација со што се добиваат повеќе можности за следење на активностите.

Деталите за овој модел и цените можете да ги погледнете на следниот линк.

Претходна статијаПредизвици со кои се соочуваат медиумите за време на пандемијата КОВИД-19 и важноста на слободата на медиумите
Следна статијаВиртуелна изложба на најпознатите исчезнати ремек дела