Spike

Spike (Smart Phone Ike) е уред што се закачува и поврзува со паметен телефон и комбинирајќи ги функциите служи за мерење на оддалеченоста, обемот, површината на објект на оддалеченост до 200 метри. Моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter проектот. Планот на развивачите е да биде компатибилен со повеќето познати модели на паметни телефони. Spike уредот има вградено ласер и Bluetooth, па во комбинација со камерата, компасот и GPS чипот на паметниот телефон ги испраќа податоците на апликација инсталирана на телефонот. Идеата на развивачите е овој уред да може да се користи во повеќе намени, па затоа достапно ќе биде APi – то преку кое програмерите ќе може да креираат различни апликации кои ќе работат со Spike. Корист од еден ваков уред и апликации би имале, архитекти, инженери, внатрешни дизајнери, како и разни апликации за аматерско користење.

Spike-device

Функции на уредот

  • Мерење на оддалеченост на објект користејќи го ласерот
  • Ласерски точни мерки од било кој агол
  • Мерење на обемот и површината на било кој објект
  • Потврдување на локацијата на било која цел
  • Мерење на позицијата и релативната височина на објектот
  • Добивање на 3D модел од објектот
  • Споделување на податоците

Технички карактеристики

Досег на ласеротОд 2 до 200 метри
Резолиција на ласерот0.2 метри
Тип на ласер905nm, Class 1 ласер сигурен за очите
ПодатоциBluetooth
БатеријаЛитиум јонска
Физички карактеристикиПриближна тежина: 100 грама
Димензии приближно: 90x50x20 mm
Поврзување со телефон и копче за брзо откачување
Формат на сликитеJPEG (EXIF), CSV, Google KMZ, SHP, ikeDesktop

 

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.